Кишњев: Министрите Јанкуловска и Маневски на состанок за правда и внатрешни работи на земјите од ЈИЕ

Министерот за правда Михалјо Маневски и минситерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска учествуваат на Министерскиот состанок за правда и внатрешни работи на земјите членки на Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа, што се одржува во Кишињев, Молдавија. Како што информира Министерството за правда во рамките на состанок ќе биде потпишан Меморандум за правни и правосудни гаранции против незаконската обработка на лични податоци. Од МВР соопштија дека за време на престојот Јанкуловска ке го потпише и договорот за реадмисија со Моладавија.