Кабул: Најмалку пет лица загинаа при експлозија пред авганистанското министерство за култура

Во денешната експлозија пред авганистанското министерство за култура во Кабул загинале најмалку пет луѓе, додека десетина други биле повредени, јавуваат западните медиуми. Дел од нив, повикувајќи се на полициски извори, наведуваат дека станува збор за напад на бомбаш самоубиец.