Вашингтон: Бил Клинтон на митингот во Флорида се појави со Барак Обама

На само неколку дена од претседателските избори во Соединетите држави, поранешниот претседател Бил Клинтон се појави заедно со кандидатот на Демократската партија Барак Обама и тоа во една од најважните изборни држави Флорида. На митингот во близина на Орландо, Клинтон ги повика избирачите да гласаат за Обама кој, според него, бил најдобрата надеж за Соединетите држави по осум годишното владење на администрацијата на Џорџ Буш. Претходно, на неколку телевизии истовремено се емитуваше триесетминутен рекламен материјал на Барак Обама за кој биле платени над пет милиони долари. Вчера предизборен митинг во Флорида одржа и републиканскиот кандидат Џон Мекејн.