Вашингтон: Вредноста на извозот на американско оружје во минатата година порасна за 50 насто

Вредноста на извозот на американско оружје во минатата година порасна за пеесет насто и изнесуваше скоро дваесет и пет милијарди долари. Со тоа, Соединетите држави останаа на водечката позиција, по извоз на оружје во светот, се наведува во извештајот на Центарот за истражувања при американскиот конгрес. На второ место е Русија со извоз на оружје во вредност од над десет милијарди долари.