Вашингтон: Американскиот секретар за одбрана Гејтс се заложи за модернизација на нуклеарниот арсенал

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс се заложи за модернизација на американскиот нуклеарен арсенал. Во говорот во Вашингтон, Гејтс изјави дека Русија и Кина го унапредиле своето нуклеарно оружје, додека Соединетите Држави ниту го модернизирале, ниту пак имаат капацитети да произведат ново.