Будимпешта: 25 милијарди долари помош за Унгарија за справување со светската финансиска криза

Меѓународниот Монетарен Фонд, Европската Унија и Светската Банка се согласиле да и дадат на Унгарија 25 милијарди долари за да ги надмине проблемите поврзани со глобалната финансиска криза. Овие средства треба да ги одобри бордот на ММФ во почетокот на наредниот месец. Меѓународниот Монетарен Фонд претходно им одобри слични пакети, вредни милјарди долари и на Украина и на Исланд, а сеуште се водат преговори со Белорусија и со Пакистан.