Исламабад: 160 лица загинаа во земјотресот што го погоди југозападен Пакистан

Над 160 луѓе загинале во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, што изутрината го погоди југо-западен Пакистан, во близина на границата со Авганистан. Пакистанските власти соопштија дека бројот на жртвите не е конечен, многу куќи се уништени од лизгање на земјиштето, а некои патишта се затрупани.