Приштина: Агим Чеку ја повика владата да го прогласи Северно Косово за зона од специјален интерес

Поранешниот косовски премиер Агим Чеку ја повика Владата во Приштина да го прогласи Северно Косово, населено претежно со Срби, за зона од специјален интерес. Чеку, кој сега е претседател на Социјалдемократската партија, рече дека Владата на Хашим Тачи нема конкретен план за воспоставување власт на приштинските институции во Северно Косово. Тој побара од косовските институции да бидат поактивни во односите со мисијата ЕУЛЕКС.