Лондон: Берзите во светот и денеска бележат пад

Берзите во светот и денеска бележат пад на нивната вредност. Британската падна за пет, а француската за шест проценти. Претходно, индексот на јапонската Никеи берза достигна на најниско ниво во изминативе дваесет и шест години. До овој пад дојде откако министрите за финансии и шефовите на централните банки на Групата седум најразвиени земји изразија загриженост од вредноста на јапонскиот јен.