Киев: ММФ со заем од над 16 милијарди долари како помош за украинската економија

Украинската влада го поздрави договорот со Меѓународниот монетарен фонд за над шеснаесет милијарди долари заем како помош на украинската економија во сегашната светска финансиска криза. Се наведува дека договорот за двегодишниот кредит треба да биде одобрен од бордот на Меѓународниот фонд но откако Украина ќе направи извесни промени во законите кои се однесуваат на банкарскиот сектор. Претходно Меѓународниот монетарен фонд и одобри заем и на Унгарија.