Техеран: Иранскиот претседател Ахмадинеџад се разболел од замор

Иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад се разболел поради преголем замор по напорните активности што ги имал во изминатиот период, соопштија иранските медиуми. Пратеникот Мохамед Исмаил Ковсари кој е близок соработник на иранскиот претседател, за иранската новинска агенција ИРНА, рече дека претседателот е болен, но оти наскоро ќе оздрави и ќе продолжи со да ги извршува должностите. Косвари не изнел други детали за состојбата на Ахмадинеџат. Иранските медиуми исто така известуваат дека Ахмадинеџат работел по 20 часа дневно и дека во изминативе неколку дена не се појавил пред јавноста.