Литванија: Втор круг од парламентарните избори

Во Литванија денеска се одржува вториот круг од парламентарните избори. Од вкупно 141 пратеничко место, во овој круг ќе се одлучува за 68 места во парламентот. Во првиот круг опозициската партија Татковина освои околу 20 проценти од гласовите, додека владеачката Социјал демократска партија 12 проценти од гласовите. Експертите сметаат дека партијата Татковина денеска че ја зголеми предноста во однос на социјал демократите. Работата на следната влада на ова балтичка држава, ќе биде соочување со глобалната финансиска криза и двоцифрената инфлација.