Пекинг: Заврши азиско европскиот самит посветен на глобалната финансиска криза

Во Пекинг денеска заврши азиско – европскиот самит, посветен на глобалната финансиска криза. Кинескиот премиер Вен Џибао се согласи со барањето на европските лидери за поголема соработка меѓу Азија и Европа во надминувањето на кризата. Германската канцеларка Ангела Меркел најави нов план за финансиски правила, вклучувајки и зајакната контрола и транспарентност на пазарите.