Њујорк: Ден на Обединетите Нации

Обединетите нации денеска го одбележуваат својот ден во знак на сеќавање на дваесет и четврти октомври илјада деветстотини четириесет и петата година кога беше ратификувана Повелбата на Светската организација. На тој ден во Сан Франциско петте постојани членки на Советот за безбедност: Кина, Франција, тогашниот Советски сојуз, Соединетите држави и Британија, како и другите земји ја потпишаа повелбата со која Обединетите нации станаа центар на усогласување на меѓународната заедница во чување на мирот во светот.