Брисел: Боцевски потпиша секторска спогодба за ИПАРД програмата

Вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски денеска во Брисел потпиша Секторска спогодба за ИПАРД програмата, која ги содржи деталните правила за спроведување на ИПАРД фондовите, односно ја одредува улогата и функциите на структурите што подлежат на акредитација, начинот на комуникација со Европската комисија и одговорностите на Македонија за информирање на јавноста. Секторската спогодба од страна на ЕК ја потпиша директорот на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој Жан-Лук Демарти.