Свет: Берзите денеска бележат пад

Светските берзи и денеска бележат пад поради страхувањата од глобална рецесија. Цената на нафтата и натаму паѓа и се продаваше за 67 долари за барел, и е најефтина во последниве 16 месеци. Иранскиот министер за нафта Хосеин Нозари соопшти денеска дека на состанокот на ОПЕК в петок во Виена, најверојатно ќе биде донесена одлука за намалување на производството на нафта за два милиона барела дневно.