Пекинг: Лидерите од ЕУ и Азија почнаа да пристугнуваат на евро азискиот самит

Лидерите на азиските држави и на Европската Унија почнаа да пристигнуваат во Кина, каде што утре започнува дводневниот евро-азиски самит, на кој се очекува главна тема да биде глобалната финансиска криза. Претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо во Пекинг изјави дека е потребна меѓународна координација и оти сегашниот модел на финансиска регулација треба да биде преиспитан на глобално ниво. Претходно беше планирано на самитот да се разговара за климатските промени и одржливиот развој.