Кабул: Девет авганистански војници загинале во провинцијата Кхост

Министерството за одбрана на Авганистан соопшти дека 9 авганистански војници се убиени, а тројца ранети при воздушни напади во источната провинција Кхост во текот на минатата ноќ. Инцидентот е потврден од портпаролот на американските сили, но детали не се дадени. Авганистанската влада реагираше дека меѓунардните сили не соодветно ги координираат акциите со нивните авганистански сојузници по што се прават грешки.