Брисел: Македонија сеуште не е подготвена за почеток на преговори за членство во ЕУ, изјави Оли Рен

Еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска изјави дека Македонија се уште не подготвена да започне преговори за членство со Европската унија. Тој рече дека европската комисија ке направи проценка на 5 ноември, но во моментов, рече рен неможам да препорачам отварање на преговори за членство со Македонија. Ова еврокомесарот го изјави за агенцијата АФП. На 5. ноември, Европската комисија ќе објави извештај за прогресот на Македонија во напорите да ги исполни осумте услови за почеток на преговорите за членство, како и за напредокот во справувањето со проблемите од изборите одржани на 1. јуни, кои во некои делови од земјата беа нарушени со насилни инциденти.