Пекинг: Економскиот раст на Кина намален за 2 насто поради глобалната криза

Кина соопшти дека нејзиниот економски раст е намален во првите три квартали од годинава, поради глобалната финансиска криза. Според државното биро за статистика, економскиот раст во Кина, во првите 9 месеци од годинава, изнесувал 9,9 насто, што е за 2 насто помалку во однос на истиот период лани.