Приштина: Шефот на мисијата ЕУЛЕКС на Косово во рок од два месеци ќе може да ги исполнува задачите

Шефот на мисијата на Европската Унија- ЕУЛЕКС на Косово Ив де Кермабон изјави дека во рок од два месеци мисијата ќе може да ги исполнува своите задачи. Но де Кермабон додаде дека сето тоа ќе зависи и од решавањето на барањата на локалното србско население и односите со етничките албанци кои живеат во Косово. ЕУЛЕКС има за цел да гарантира почитување на човековите права на целата територија на Косово, вели шефот на оваа мисија на Европската Унија.