Херат: Пет војници на ИСАФ ранети во напад на бомбаш самоубиец

При напад на бомбаш самоубиец во западниот авганистански град Херат денеска се ранети 5 војници на ИСАФ. Напаѓачот со автомобил бомба експлодирал пред базата на италијанските војници, изјави портпарол на ИСАФ. Западните провинции и Херат беа реалтивно помирни во споредба со југот и истокот на земјата, каде нападите на талибанците се по интензивни.