Вашингтон: Буш со лидерите на ЕУ ја разгледува финансиската криза

Американскиот Претседател Џорџ Буш денеска со преставници на Европската Унија во Кемп Дејвид ке разговара за глобалната финансиска криза. Буш ке се состане со Никола Саркози – претседателот на Франција во моментов земја преседавач со Унијата, како и со Претседателот на Европската Комисија Хозе Мануел Баросо. Разговорите доаѓаат ден по изјавата на американскиот Претседател Џорџ Буш дека е потребно време за глобалните напори за стабилизација на финансиските пазари да вродат со плод. Европските лидери се надеваат дека на оваа средба ке се отвори патот за промени во финансискиот регулаторен систем додека Белата Куќа сака да се фокусира на моменталната криза.