Вашингтон: Изборите во Азербејџан подобри од минатото, оценија Соединетите Држави

Соединетите Држави оценија дека претседателските избори во Азербејџан биле подобри во однос на минатото, но сеуште далеку од меѓународните стандарди. Претседателот Илхам Алиев прогласи победа на изборите што се одржаа во средата, кои ги бојкотираше опозицијата. Таа ги обвини Соединетите Држави и Европската Унија дека не извршиле притисок врз властите во Азербејџан да спроведе фер избори.