Вашингтон: Последно соочување меѓу Обама и Мекејн

Економијата доминираше во третото и последно соочување меѓу кандидатите за иден американски претседател Барак Обама и Џон Макејн пред ноемвриските избори. Демократот Обама рече дека американската економија се соочува со долгорочни предизвици, додека републиканецот Мекејн изјави дека порастот на веќе опаднатите домашни вредности е клучен чекор за решавање на актуелната криза. Во дебатата двајцата кандидати исто така се критикуваа меѓусебно за водење на ,,негативна“ кампања. Според најновите истражувања Обама води со 14 % предност, пред републиканецот Мекејн.