Крушево: Една година од смртта на Тоше Проески

Денеска во Крушево се одбележеува првата годишнина од смртта на македонскиот пејач Тоше Проески. На денешен ден Тоше загина во сообраќајна несреќа во Нова Градишка во Хрватска. На 5-ти октомври на Градскиот стадион во Скопје беше одржан хуманитарен концерт во негова чест, кој го следеа повеќе од 40 илјади луѓе од земјава, но и регионот.