Скопје: Запленети 30 килограми хероин на граничниот премин „Богородица“

На граничниот премин „Богородица“ вчера царинските служби откриле и заплениле околу 30 килограми хероин со пазарна вредност од над 700.000 евра. Сомнителниот товар на камионот со кумановски регистарски ознаки бил детектиран со скенерскиот преглед при обид да влезе од Грција во Македонија, доаѓајќи натоварен со градежна иверка од Истанбул. Бил извршен рачен преглед при што во ауспухот на камионот била откриена двојна оловна обвивка за да се одбијат рентгенските зраци. Камионот е запленет, а против сторителите ќе бидат поднесени кривични пријави.