Багдад: Претставникот на Курдите во Ирак се сретна со турска делагација

Во обид да престанат нападите на курдските бунтовници врз Турција, денеска во Багдат Претставникот на курдите во Ирак Масуд Барзани оствари средба со турска делегација. Ова беа први директни разговори меѓу Турција и лидерот на курдите во Ирак Барзани. По средбата која траеше повеќе од два часа, турскиот специјален посредник со Ирак Мурат Озчелик, изјави дека разговорите поминале во позитивна атмосфера. Курдските бунтовници во југоисточниот дел на Турција се борат за автонимија од 1984-та година