Вашингтон: САД ќе потрошат 250 милијарди долари за купување акции во најголемите банки

Американскиот министер за финансии Хенри Полсон денеска изјави дека владата на Соединетите Држави ќе потроши над 250 милијарди долари за купување на акции од неколку поголеми банки кои имаат проблеми, со цел стабилизирање на финансискиот систем. Овој потег е дел од планот на американскиот претседател Џорџ Буш вреден 700 милијарди долари, кој беше одобрен и од конгресот за справување со финансиската криза.