Лос Анџелес: 1200 лица евакуирани поради пожар

Околу 1200 лица се евакуирани, а патиштата северно од Лос Анџелес се затворени по пожарот кој зафатил скоро 1300 хектара шума. Засега нема информации за можни жртви. Метеоролозите предвидуваат дека јачината на ветрот ќе достигне 120 километри на час во планинските предели во околината на Лос Анџелес.