Скопје: Владата загрижена поради инцидентот меѓу грчката армија и населението во Леринско

Владата на Република Македонија соопшти дека изразува сериозна загриженост за случувањата во Леринско, откако А1 телвизија објави дека едно лице е полесно повредено, а четворица се притворени во инцидентите, кога локалното население се обидело да спречи вежба на грчката армија. Пред десетина дена грчката армија на барање на локалното население го напушти времениот камп во близина на селото Забрдени, но грчки воени сили вчера повторно пристигнале во регионот. Претседателот на Виножито, Павлос Васкопулос за денеска најави можни протести на Македонците во Северна Грција.