Лукесмбург: Шефовите на дипломатиите на ЕУ разговараат за идните односи со Русија и Белорусија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска во Луксембург ке разговараат за идните односи со Русија и Белорусија. Треба да се реши дали ке се обноват разговорите со Москва за нов партнерски договор со оглед на повлекувањето на руските војници од тампон зоните на двата грузиски региона. Министрите ке го разгледаат и прашањето за олеснување на санкциите кон Белорусија и ке се состанат со белорускиот колега Сергеј Мартинов.