Белград: Лондон загрижен поради протерувањето на амбасадорите на Македонија и Црна Гора

Британскиот амбасадор во Белград, Стивен Вордсворт изјави дека Лондон е загрижен поради протерувањето на амбасадорите на Црна Гора и на Македонија од страна на Србија, откако овие две земји ја признаа независноста на Косово. Тој доде дека секое заострување на односите со соседите е лош сигнал за европските интеграции на Србија. Косовскиот министер за надворешни работи Скендер Хисени пак во Тирана изјави дека Косово ја признава Македонија под нејзиното уставно име затоа што тоа е името кое таа го избрала.