Мексико: Ураганот ,,Норбет" го погоди јужниот брег на Мексико

Ураганот „Норбет“ го погоди јужниот брег на Мексико, предизвикувајки лизгање на земјиштето и ветер со јачина од 160 километри на час, соопштија од Американскиот државен центар за набљудување на урагани. Според нив, се очекува денеска Норбет да го погоди централниот дел на Мексико. Локалните власти веќе ги евакуирале жителите.