Скопје: Собранието идниот вторник ќе расправа за името

Собранието на Република Македонија идниот вторник ќе расправа по Предлог резолуцијата за решавање на спорот за името што ја иницира НСДП, а ја поддржаа опозициските пратеници со исклучок на ДПА. Ермира Мехмети од ДУИ по доделувањето на државната награда „11 Октомври“ изјави дека одлуката да се стави на дневен ред оваа предлог резолуција е знак на подготвеност на владејачкото мнозинство да води отворен и продуктивен политички дијалог за едно многу битно прашање. Таа очекува позитивна собраниска расправа што ќе резултира со заеднички ставови, политичко и партиско единство.