Клагенфурт: Во сообраќајна несреќа загина шефот а ултра десницата во Австрија Јерг Хајдер

Шефот на австриската ултрадесничарска Слободарска партија Јерг Хајдер загинал изутрината во сообраќајна несреќа во близина на Клагенфурт. Според првичните информации, пеесет и осум годишниот Хајдер бил сам во возилото кое од засега неутврдени причини, при претекнување, излетало од патот. Хајдер го привлече вниманието на светската јавност пред осум години кога неговите антисемитски и пронацистички говори предизвикаа неколку месечни дипломатски санкции на европските земји спрема Австрија.