Скопје: Македонија го одбележува Денот на народното востание

Во Македонија денеска се одбележува Шеесет и седум годишнината од Денот на народното востание, Единаесетти октомври. По тој повод во Прилеп, Куманово и Скопје ќе бидат положени цвеќиња на спомениците од Народно ослободителна борба. Синоќа во Домот на Армијата во Скопје се одржа свечена академија на која во присуство на државниот и политичкиот врв, претставници на верските заедници, дипломатскиот кор и други гости, се обрати премиерот Никола Груевски кој истакна дека почетокот на вооруженото востание против фашистичките окупатори претставуваше решителен чекор кон конечното ослободување на македонскиот народ.