Свет: Европските и азиските берзи денеска забележаа пад по тешките загуби на Вол Стрит

Европските и Азиските берзи денеска забележаа голем пад по тешките загуби на Вол Стрит. Главните европски берзи паднаа за 10 проценти, додека американските преживеаа најголеми загуби во изминативе 5 години. Падот на берзата во Токио пак е најголем за изминативе 20 години. По масивните загуби денеска повторно се затворени и двете главни руски берзи.