Вашингтон: Министрите за финансии од Г 7 на состанок за финансиската криза

Главните економски сили денеска ќе одржат состанок посветен на кризата на светскиот финансиски пазар. Министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите на Г 7 ке одржат состанок во Вашингтон откако нивните мерки не успеаа да ги смират инвеститорите. Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека размислува за итна крединта програма за помош на пазарот. Вечерва се очекува на американската нација да и се обрати Претседателот Џорџ Буш.