Атина: Грција со внимание и конструктивен приод ги проценува последните идеи на Нимиц

Грција со внимание и конструктивен приод ги проценува последните идеи на медијаторот Метју Нимиц и наскоро ќе го извести за своите заклучоци. Ова го соопшти грчкото министерството за надворешни работи, откако Нимиц вчера во Њујорк на преговарачите на Скопје и Атина им го претстави новиот пакет за решавање на разликите околу името. ,,Грција искрено сака да се постигне конечно и заемно прифатливо решение, без победници и губитници,, се наведува во изјавата на портпаролот на грчкото министерство Јоргос Кумуцакос.