Будимпешта: Секретарот за одбрана на САД ќе апелира за зголемување на бројот на војници во Авганиста

Соединетите држави на денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Будимпешта ќе апелираат до сојузниците да испратат повеќе војници во Авганистан. Командата на над пеесете илјади сојузнички војници, стационирани во таа земја, бара тој број да биде зголемен за уште дванаесет илјади. Министрите ќе разговараат и за помошта на НАТО во обновата на воените потенцијали на Грузија уништени во августовскиот конфликт со Русија.