Вашингтон: Џорџ Буш ја потпиша легислативата за нуклеарна трговија со Индија

Американскиот претседател Џорџ Буш ја потпиша легислативата што може да отвори нуклеарна трговија со Индија, една недела откако Договорот беше ратификуван во Конгресот. Пактот и овозможува на Индија пристап до нуклеарно гориво, реактори и технологии од Соединетите Држави, по три децении забрана за таква трговија, откако Индија прв пат тестираше нуклеарно оружје во 1974 година.