Атина: 24 часовен штрајк на најголемата грчка синдикална организација

Дваесет и четири часовниот штрајк на вработените во атинското метро и тричасовниот прекин на работата на електричната железница, воздушниот и автобускиот сообраќај и тролејбусите се дел од денешната протестна иницијатива на најголемата грчка синдикална организација - Конфедерација на грчките работници. Причина за протестите е актуелната економска политика на грчките власти, велат синдикалците.