Анкара: Турски воени авиони бомбардираа бази на курдски бунтовници во северен Ирак

Турски воени авиони бомбардираа бази на курдските бунтовници во северен Ирак, втор ден по ред, засилувајќи ги воздушните удари по смртта на 17 свои војници во прекугранична заседа.Воените авиони рано утринава погодија 21 цел во планинските реони Авасин Басиан и Бозул, соопшти Генералштабот на турската армија. Засега нема информации за еветуални жртви и штети на курдска страна.