Осло: Почнува неделата на објавување на добитниците на Нобеловата награда

Почнува неделата на објавување на годинашните Нобеловите награди. Денеска ќе биде обелоденет добитникот на оваа награда за достигнувања во медицината, утре за хемија, а в среда за литература. Носителот на Нобеловата награда за мир ќе биде соопштен в петок во Осло, кога ќе биде обелоденет и добитникот на наградата за економија.