Сараево: Првични резултати од локалните избори во БИХ

Првичните резултати од локалните избори во Босна и Херцеговина покажуваат дека националистичките партии се во водство. Сојузот на независните социјалдемократи на премиерот на Република Српска Милорад Додик добил триесет и две градоначалници, што е за два пати повеќе од пред четири години. Во муслиманско хрватска федерација пак, муслиманската Партија за демократска акција освоила двесет и осум општини, а Хрватска демократска заедница петнаесет.