Техеран: Иран нема да го стопира збогатувањето на ураниум и со гарантирана испорака однадвор

Иранскиот министер за надворешни работи Манушер Мотаки изјави дека Техеран нема да го стопира збогатувањето на ураниум и доколку им се гарантира снабдување со нуклеарно гориво од странство. Оваа изјава на Мотаки следува откако иранскиот аммбасадор во агенцијата за атомска енергија на Обедитените Нации минатата недела изјави дека би се согласиле да го прекинат збогатувањето доколку им биде осигурано снабдување однадвор. Поради нуклеарната програма Техеран се соочува со санкции од Обединетите нации а западните земји стравуваат дека работи на создавање на нуклеарна бомба.