Скопје: Денеска лидерска средба за името

Денеска во клубот на пратенците државно партиска средба на која главна тема е името. На средбата според најавата ке учествуваат претседателот Црвенковски , министерот за надворешни работи Милошоски, премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Груевски, претседател на СДСМ Заев и лидерите на ДУИ и ДПА Ахмети и Тачи. Средбата Груевски ја свикува по барање на социјал демократите кои како што беше објаснето во владиното соопштение одбиваат да разговарат за Изборниот законик и уставните измени се додека не се свика лидерска средба за името. Таа се одржува во пресрет на утрешниот состанок на македонскиот и на грчкиот преговарач Димитров и Василкаис со медијатор Нимиц во Њујорк каде што се очекува на маса да биде ставен и конкретен предлог за името.