Софија: Германската РВЕ стратешки инвеститор за нуклеарката Белене

Бугарската Влада ја избра германската компанија РВЕ за стратешки инвеститор на нуклеарната централа „Белене“, на која ќе и бидат понудени 49 проценти од сопственоста над нуклеарката Како што соопшти бугарскиот министер за економија и енергетика Петар Димитров, РВЕ е прворангирана на листата на најповолен инвеститор за втората нуклеарна централа во Бугарија со 45 поени.
Второпласираната на листата, белгиската „Електракабел“ која има 36 поени, според Димитров, исто така би можела да се вклучи во проектот, доколку за тоа биде поканета од РВЕ. На тендерот за избор на стртешки иневеститор за „Белене“ учествуваа и италијанската компанија „Енел“, германската Е.ОН и чешката ЧЕЗ.