Индија: Американскиот државен секретар ќе допатува во посета на Индија

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс допатува во посета на Индија на разговори за договорот за цивилна нуклеарна соработка. Според договорот, американски компании ќе можат да продаваат нуклеарно гориво, технологија и реактори во Индија, а меѓународни инспектори ќе можат да ги посетуваат индиските цивилни нуклеарни постројки. По престојот во Индија, се очекува Рајс да го посети и Казахстан.